Пресврт во целата ситуација, двајца искусни фудбалери ги продолжија договорите со Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајцаод најискусните фудбалери на Челси, Вили Кабаљеро и Оливие Жиру ги продолжија своите договори со клубот.

И двајцата се согласијада остант уште една сезона во таборот од Лондон и на „Стемфорд Бриџ“ ќе останат до крајот на сезоната 2020/21.

За Жиру се шпекулираше дека ќе си оди од клубот ова лето, но тој сепак се реши да остане уште една сезона каде веројатно повторно ќе има спорадична улога.

Вили Кабаљеро речиси сигурно ќе биде втора опција во Челси следната година, а се уште не е познато дали Кепа Аризабалага ќе остане прв избор на Лампард или клубот ќе бара нов голман на пазарот.