Претешки денови пред гигант: Може да испадне и во трета лига!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најтрофејните австриски клубови, Австрија Виена не доби лиценца за натпреварување во првата лига за следната сезона.

Поради финансиски проблеми Австрија Виена не доби лиценца за настап во австриската Бундеслига следната сезона, но тие ќе имаат шанса да се жалат на одлуката.

Ако жалбата биде одбиена, тогаш Австрија ќе оди на Суд за спортска арбитража, каде што ќе ја добие конечната одлука.

Процесот за одобрување за натпреварување во австриската лига е до 31 мај, а ако не добие лиценца, тогаш гигантот ќе мора да игра во третата лига на Австрија.

Тоа би бил тежок удар за навивачите на клубот, кој 24 пати го освојуваше првенството, а 27 пати беше шампион во Купот.