Претседателот на УЕФА најави укинување на санкциите за Русите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на европскиот фудбал, Александер Чеферин кажа дека на состанокот во Нион ќе се разгледува одлуката за суспензија на руските и белоруските тимови.

Претседателот на УЕФА кажа дека санкциите против Русија и Белорусија поради специјалната воена операција во Украина не треба да се однесуваат и на спортистите.

Поради тоа УЕФА ќе донесе нова одлука за тоа дали ќе може руските и белоруските тимови да играат во европските натпреварувања.

Во разговор со медиумите, Чеферин кажа дека рускиот спорт поради одлука на поединци не треба да има последици, а од друга страна призна дека УЕФА била присилена да донесе некои одлуки поврзани со тоа.