Претставници на Интер се во Лондон, за кус период ќе договорат две големи засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голема е веројатноста во следниот период Интер и Антонио Конте да добијат две големи засилувања на тимот со кој дефинитивно ќе бидат главни фаворити за титулата во Серија А.

Нови фудбалери на Интер се очекува да бидат Кристијан Ериксен и Оливие Жиру кои се пред трансфер на „Меаца“.

Членови на Интер се во Лондон каде преговараат со Челси и Тотенхем за двајцата играчи. Со Челси е готова работата и Жиру ќе потпише две и пол годишен договор со Интер, додека со Тотенхем клубовите не може да се договорат околу цената.

Интер понудил само 8.5 милиони фунти за Данецот, додека Тотенхем бара двојно повеќе. Останува да видиме дали Интер ќе понуди повеќе пари и дали двата тима ќе најдат заеднички јазик.