Приказна за германското чудо: Точел бензин, пиел пиво, времето минувало, но…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо е обично тој кој што се смее последен, меѓутоа има и исклучоци кога други фудбалери ќе го засенат на теренот.

Приказната за Робин Госенс и за тоа како се чувствувал понижен зашто Роналдо по еден меч со Јувентус не сакал да му го даде дресот им е позната на сите.

Госенс го загуби и финалето во италијанскиот Куп од Роналдо, но својата одмазда ја дочека на Европското првенство и тоа со победата на Германија од 4-2, кога постигна еден од головите, а имаше и две асистенции.

Госенс е новото германско чудо, а неговата животна приказна е целосно различна од таа на неговите другари.

До 18 години Госенс имал обичај да игра фудбал со пријателите во локален аматерски клуб, а додека други биле професионалци на толку години, тој водел нормален тинејџерски живот.

Работел на бензинска пумпа за да има за пиво и да ги почести своите другари. Воопшто не размислувал дека му минуваат годините и дека ќе останел без кариера.

Од 2017 година е член на најубавата фудбалска приказна во Европа, а тоа е Аталанта, која со години со мал буџет им пркоси на богатите и славни клубови.