Пристигна ново засилување за Леброн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на Лос Анџелес Лејкерс сметаат дека на тимот му треба уште едно засилување за завршницата на сезоната и плеј-офот.

Лејкерс го пронајдоа вистинскиот играч и потпишаа договор со него до крајот на сезоната.

Ова е Дион Вејтерс кој додека го носеше дресот на Кливленд Кавалирс, веќе имаа можност да играат заедно со најголемата ѕвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс.

Лејкерс се секако меѓу фаворитите за финалето во Западот, па дури и во финалето во НБА лигата, воопшто, а 28-годишните Вејтерс сигурно би им бил од корист.

Дион Вејтерс беше слободен агент по трапмата на Мајами Хит, Мемфис Гризлис и Минесота Тимбервулвс. Вејтерс беше проследен до Гризлис кој го „отпуштија“ три дена по трампата.

Патем, Вејтерс ги помина изминатите четири години во Мајами, откако претходно настапуваше за Оклахома и Кавалирс. За време на неговата НБА кариера, тој има просек од 13,2 поени по натпревар.

Дион Вејтерс игра во позицијата бек шутер, па ќе се приклучи на Ејвори Бредли, Калдвел-Поуп, Алекс Карусо, Квин Кук, Дани Грин, Хортон-Такер и Рајон Рондо.