Проблем за Јунајтед, Шангај му нуди пребогат договор на Игало


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одион Игало доби многу богат договор од клубот кој се уште го поседува неговиот договор, Шангај Шенхуа.

Се верува дека Нигериецот ќе продолжи на перманентна основа во Манчестер Јунајтед, но како што пишува „Скај“ Шангај не сака лесно да се откаже од него.

Имено клубот му нуди нов двегодишен договор според кој би заработувал 400.000 фунти неделна плата.

Сега останува да видиме дали би ја прифати понудата за нов договор со Шангај или ќе се согласи на перманентен трансфер во Манчестер Јунајтед по кој би заработувал „само“ 100.000 фунти неделна плата.