Проблем за Македонија пред мечот со Косово: Елмас е позитивен на ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи постојано прави тестирања, каде што се појавуваат нови случаи на ковид-19, а на најновото пристигна лоша вест за македонската фудбалска репрезентација.

Македонскиот репрезентативец од редовите на Наполи, Елиф Елмас има позитивен тест на ковид-19, со што ќе мора да оди во самоизолација во период од две недели, а тоа значи дека нема да заигра против Косово на 8 октомври.

Македонија на 8 октомври на Националната арена „Тодор Проески“ игра против Косово во историскиот меч од баражот за пласман на Европското првенство.