Проблеми во Германија: Дури 13 клубови се соочуваат со – банкрот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради пандемијата на коронавирусот најмногу ќе страда економијата ширум светот, а не е поштедена ниту Германија каде што голем број клубови се соочуваат со огромни проблеми

„Кикер“ објави дека 13 од 36 професионални клубови се пред банкрот поради пандемијата, а веќе 12 барале однапред пари од ТВ-права за да успеат да ги исплатат сите плати.

Посебно се погодени тимовите од втората германска лига. Девет од нив се соочуваат со банкрот на крајот на мај затоа што без натпревари и пари кои ги добиваат од спонзори не може да функциионираат.

Сепак, и четири клубови од Бундеслигата се во проблеми и веројатно нема да го преживеат периодов ако сезоната не продолжи на почетокот на мај.

Претходно германските гиганти Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и Лајпциг најавија дека ќе создадат фонд за спас на малите екипи и тие се подготвени да платат по 20 милиони евра, но останува да видиме што ќе се случи.