Проблеми во Лондон: Надал би можел да биде елиминиран од Вимблдон!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека Марин Чилиќ, кој се повлече од Вимблдон поради ковид-19, тренирал со Новак Ѓоковиќ пред турнирот, а нешто идентично му се случи и на Рафаел Надал.

Надал пред три дена тренираше со Матео Беретини, кој исто така поради ковид-19 мораше да се откаже од натпреварувањето.

Вистински хаос се случи кога Чилиќ и Беретини се повлекоа од турнирот, поради што сега во опасност се нивните колеги кои биле во близок контакт.

Во следниот период се очекуваат неколку тестирања по што ќе биде јасно дали и овие тенисери се заразени со вирусот и ќе мора да се повлечат од турнирот.