Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
По испаѓањето од Купот од Лацио, Милан го изгуби и вториот трофеј во сезоната, откако беше поразен од Наполи со резултат 2:0. Тој пораз можеби од резултатска страна не е толку важен бидејќи Суперкупот многу не го сметаат за најважно натпреварување, но е важен од финансиска страна.
Остана – само Скудето.
Шансите на Милан не се големи, но постојат и за да се дојде до трофејот, потребно е да се направи прав избор во јануарскиот преоден рок, но несомнено е дека во летото имало грешки од страна на управата на клубот.
Проблемот е што потребен е уште еден квалитетен стопер, како и класична “деветка”, некој што ќе ја искористи брзината и квалитетот на Рафаел Леао кој, изгледа, копнее за играч со висок квалитет во нападот.
Дали е Фулкруг решението?
Тешко, иако е се поочигледно дека ќе се случи во јануари. Нкунку е промашување, и тоа очигледно, а е платен 37 милиони евра, а кога ќе ја погледнете куповината на Наполи кој го донесе на позајмица Хојлунд и кој има опција за откуп за 44 милиони, јасно е кој направил подобра зделка.
Другиот кој потфрли е Де Винтер, платен 18 милиони летово, па јасно е зошто во Милано луѓето првенствено се обраќаат на себе и на своите купувања…
















