Проблеми во рајот: Меси се изнервира поради замена, па не се поздрави со Покетино!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првите проблеми во рајот ги направи Лионел Меси, кој летово се пресели во ПСЖ и по третиот настап во дресот на францускиот гигант не успеа да постигне гол.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата не е навикнат да биде заменет за време на натпреварите, а тоа го покажа и на мечот против Лион.

При резултат 1-1, Маурицио Покетино го замени Меси со Ашраф Хакими, а кога излегуваше Аргентинецот направи еден потег кој покажа дека му е лут на тренерот.

Меси ѝ се заблагодари на публиката, па се поздрави со Хакими, но одби да го направи тоа и со Покетино со кој размени само неколку зборови.

Фотографиите покажуваат дека Меси се прашува зошто е заменет и не го разбира објаснувањето затоа што такво нешто не очекувал.