Проблеми за Анчелоти: Реал Мадрид ќе настапи ослабен против Унион Берлин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Реал Мадрид денеска ќе се соочи против Унион Берлин во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот Карло Анчелоти не може да смета на сите фудбалери на првиот дуел, односно отсутен ќе биде Дани Карвахал.

Како негова замена на теренот ќе биде Лукас Васкез, а тоа го потврди Анчелоти на прес-конференцијата пред натпреварот.

„Карвахал има проблеми и мора да оди на медицински прегледи. Ќе го оставиме да се одмори, се надевам дека не е ништо сериозно“, кажа Анчелоти.