Проблеми за екипата на Димитриевски: 17 позитивни случаи во Рајо Валјекано!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рајо Валјекано сезонава игра одлично во шпанскиот шампионат и во моментов се наоѓа во борба за Лигата на шампиони (ЛШ), а македонскиот голман Столе Димитриевски е еден од најдобрите во лигата.

Меѓутоа екипата се соочува со големи проблеми, односно во екипата има 17 позитивни случаи со ковид-19, па поради тоа на тренингот денеска биле само осум играчи, додека останатите завршиле во изолација.

Единствените фудбалери кои денеска биле на тренингот на Рајо се Марио, Андрес Мартин, Комесана, Валентин, Иси, Балиу, Кевин и Арболеда.

Рајо најверојатно ќе бара одложување на првиот натпревар кој треба да го игра во 2022 година, а тоа е на 2 јануари против Атлетико Мадрид.