Проблеми за Лампард, му се повреди фудбалерот кој се почесто добиваше шанса: Крај на сезоната за Гилмор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Били Гилмор нема да може да му помогне на својот клуб затоа што на натпреварот против Кристал Палас го повреди коленото поради кое ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Проблемите во средниот ред на Челси сега се уште поголеми затоа што од претходно Лампард не може да смета на Нголо Канте и Матео Ковачиќ.

19 годишниот Гилмор е еден од најголемите таленти на Челси и веќе прикажа одлични натпревари во тимот од Лондон оваа сезона, па сигурно ќе му недостасува на Лампард за останатиот дел од сезоната.