Проблемите на Меси немаат крај


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лео Меси оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар за Барселона.

Се очекуваше Меси да се опорави од повреда на листот и да конкурира за натпревар во лигата против Валенсија, што е малку веројатно да се случи.

Според каталонскиот спорт, Меси сè уште се мачи со проблемот на десната нога и Ернесто Валверде нема да смета на него против Валенсија.

Брилијантниот Аргентинец не се опорави целосно и медицинскиот персонал на Барселона не даде зелено светло за неговото враќање.

Меси се повреди на почетокот на август, во последниве денови тренираше одделно од тимот и јасно е дека не е доволно подготвен да се врати на теренот.

Следната недела е почетокот на сезоната во Лигата на шампионите, а во Барселона се надеваат дека Меси ќе биде подготвен за дербито со Борусија Дортмунд.