Продолжува серијата на промашувања на Венгер? Икарди е јасен: Io sono interista!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинецот е блиску до останување во Милано, Арсенал бара и понатака.

А навивачите на Арсенал пополека стануваат очајни. Со сета почит кон Гранит Џака, но на Емирати имаат многу поголем апетит.

Но почна прекрасно, од тој трансфер Арсен Венгер пука напразно.

Со ред приврзаниците на Топџиите се надеваа на Гонзало Игуаин, Александре Лаказет, Ријад Марез, Калиду Кулибали и по веќе непишано правило остануваат разочарани.

И сега нов шамар. Мауро Икарди не е баш воодушевен за можноста за преселба во Лондон, иако Арсенал наводно му нуди 6 милиони евра.

Во интервјуто за Кориере дело Спорт, меѓутоа, Икарди барем тврди дека е целосно незаинтересиран.

„Фудбалот е бизнис, а во бизнисот се е можно, но да ви кажам дека сум интериста. Голем интериста, Ова е клуб за кој навивам. Ова се моите бои. Постои силна врска“, ги смирува Икарди навивачите на Интер, иако медиумите на Чизмата пишуваат дека неговата сопруга Ванда веќе отпатува во Лондон на преговори.

Икарди негира тоа е причината за нејзиното заминување во Англија, но не спори дека жена му целосно се грижи за понатамошниот ангажман. А Ванда не крие дека не е задоволна од примањата на нејзиниот сакан во Милано.

„Целта на нашата фамилија е да останеме во Милано. Секогаш зборувам дека сум среќен во овој град. Среќна е и Ванда, среќни се и децата. Милано е нашиот дом и затоа таа и преговара со Интер. Пробуваме да пронајдеме решение. Засега, Ванда заслужува пет плус за работата која ја работи како менаџер“.

Меѓутоа, јавноста сепак не е уверена во сосема во намерите на Ванда не е ни убедена дека Икарди нема да се предомисли ако Арсенал го понуди тоа што Интер не може.

„Фудбалот е бизнис и се е можни. Ако јас сум капитен на Интер, овде сум веќе три години и мојата цел е да победувам како Нероаѕур. Сакам да успеам и сакам да успеам овде“, категоричен е Икарди.