„Промашив пенал, но тоа е фудбал“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Португалија Кристијано Роналдо рече дека е разочаран што не постигна гол против Австрија.

Натпреварот е завршен без голови, иако Португалецот имаше неколку изгледни шанси, како пенал кој не го искористи Кристијано Роналдо.

„Не постигнав гол и разочаран сум бидејќи не можев да имам подобри шанси. Промашив пенал, но тоа е фудбал. Сигурен сум дека ќе ја подобрам својата игра“, рече Роналдо.

Австрија го освои првиот бод, Португалија има два, а двата тима имаат шанса да поминат понатака со победи во последното коло.