Промашување на годината: Кин се посрамоти за сите пари! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус водеше со 1-0 против Џенова, а потоа Масимилијано Алегри реши да пушти неколку резервни играчи на теренот и играта им се распадна.

Душан Влаховиќ го напуши теренот во 74. минута, а тоа не му се допадна, по што беше забележан неверојатен пресврт.

Прво Гудмунсон израмни во 87. минута, а потоа Кин го промаши невозможното во 94. минута. Алваро Мората одигра одлично и го пронајде неговиот колега, кој се посрамоти за сите пари.

По тоа промашување Џенова тргна во напад и доби пенал во 95. минута, а искусниот Доменико Кришито го реализираше и ја израдува својата екипа.