Промена на правилата во Премиер лигата: Како ќе го добиеме првакот ако тимовите имаат ист број на бодови


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Минатата сезона Премиер лигата ни понуди неверојатна борба за првакот во последното коло помеѓу Сити и Ливерпул.

На крајот граѓаните го одбранија трофејот прваци на Англија бидејќи имаа 98 бодови, додека Ливерпул заврши втор и имаше само еден бод помалку од Сити.

Минатата сезона доста се говореше околу тоа дека доколу Сити и Ливерпул завршеа со ист број на бодови, постоеше можност да одиграат натпревар на неутрален терен за да се реши кој ќе биде првак на Англија.

Но, ФА ова лето воведе неколку промени и сега е потребно чудо на крајот од сезоната да гледаме натпревар за решавање на првакот во Англија. Во претходните сезони за тоа беше потребно клубовите да имаат исти бодови, иста гол разлика и ист број постигнати голови, но сега е многу покомплицирано.

Да се одигра натпревар за првак на Англија сега е потребно клубовите да имаат ист број на бодови, исти поени во меѓусебните дуели, иста гол разлика и број на постигнати голови и ист број на голови во гостинските мечеви. Доколку сево ова е изедначено тогаш екипите ќе играат додатен меч за одлучување на првакот.

Исто така, ова не е едина промена за новата сезона на Премиер лигата. Имено, клубовите ќе имаат првпат зимска пауза од две недели, а таа ќе започне откако ќе се одиграат натпреварите од 26. коло.