„Промените во ЛШ би биле катастрофални, сите мораат да се побунат против нив!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулира за европска Суперлига, затворено натпреварување, кое ќе биде резервирано само за најбогатите.

Сепак, Европската фудбалска унија (УЕФА) успеа да одолее на желбите да се создаде Суперлига, па им понуди на спонзорите, инвеститорите и клубовите промени на форматот на Лигата на шампиони.

Промената на форматот на елитното натпреварување би се случило на грбот на помалите клубови, додека повеќе бенефит ќе имаат најбогатите и најславните.

Еден од жестоки противници на Суперлигата е претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, кој жестоко ја критикуваше содржината на документите, која се појави во јавност.

„Тоа е катастрофално. Сите европски клубови, асоцијации, фудбалери, навивачи и коментатори треба да го кренат гласот поради ваквите предлози. Не може да кажеме дека тоа се само планови за дискусија со сопствениците на акциите за иднината на фудбалот. Сепак, отворени сме за дијалог за реформа на европскиот фудбал“, вели Табас.