Протекоа слики од новиот дизајн на дресот на Барселона!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Footy Headlines го објави новиот изглед на дресот на Барселона.

Каталонците, судејќи по оваа објава, од наредната сезона ќе се вратат на старите дизајни на дресови со пруги кои го красат 120 години и тоа значи дека дресовите со коцки ќе заминат во историјата по само една сезона.

Боите на пругите ќе бидат стандардни – црвена и сини, а овој пат ќе им се придружи и златната која ќе биде значително потенка помеѓу широките сините и црвените линии.

Новост е тоа што по долго време ќе има промена и во ракавите со пруги.

Секако, ова уште не е официјалниот дрес за сезоната 2020/21, но спомнатата страна ретко греши и треба да и веруваме.