Провокаторот Бејл го измамил раководството, ова е дефинитивно крајот во Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл повторно е на удар на шпанската јавност поради одлуката да заигра за неговата татковина, откако претходно се пријави за повреден во Реал Мадрид.

Бејл пријавил до докторите на „кралскиот клуб“ дека е повреден и не може да игра, а потоа кажал дека се чувствува добро и сака да игра со репрезентацијата.

Сепак, фудбалерот повторно се пријавил за повреден по враќањето во Мадрид, каде што ќе тренира индивидуално, а тоа многумина го гледаат како провокација.

Бејл последен пат за Реал заигра на 28 август против Бетис, по што се повреди на септемврските квалификации и од тогаш е повреден.

Еден од најскапите фудбалери на „кралевите“ сезонава одигра само 193 минути и сега е блиску до заминување од Реал на крајот на сезоната.