Прв контакт и веднаш гол: Дијаз во првиот натпревар оваа сезона во Ла Лига ја стресе Барселона, „кралевите“ победници во дербито (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид однесе голема победа од Ел Класико откако пред своите гледачи со 2:0 славеше против најголемиот ривал, Барселона.

„Кралевите“ до победата стигнаа во второто полувреме, поточно во последните 20 минути од средбата на „Бернабеу“.

Најпрво, Винисиус Жуниор погоди за 1:0 за голема радост на гледалиштето во Мадрид, а потоа следуваше мирен период пред во самиот финиш да падне уште еден гол.

Зинедин Зидан се реши во игра да го внесе Маријано Дијаз, за кого ова беше прв натрпевар оваа сезона во Ла Лига. Дијаз воопшто не добиваше прилики од Зидан, иако не беше повреден, а сега му докажа дека Французинот може сериозно да смета на него.

Имено, фудбалерот во својот прв контакт со топката, го помина Самуел Умтити и на одличен начин го совлада Тер Штеген.