Прв пораз на Ѓоковиќ во Австралија по 2018 година!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го запиша првиот пораз во новата сезона, откако во четвртфиналето на Јунајтед купот беше совладан од Алекс Де Минор со 4-6 и 4-6.

Де Минор му се одмазди на Ѓоковиќ за поразот на минатогодишниот Австралијан опен, а ова е прв неуспех за Србинот на територија на Австралија по шест години.

Ѓоковиќ, сепак, не е загрижен поради денешниот пораз толку колку што е поради повредата со која се здоби на претходниот натпревар.

Србинот покажа дека чувствува големи болки, а тоа стануваше сè поочигледно како минуваше времето.