Прв пораз за Вардар во лигата, Шкендија му се доближи на еден бод


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шкендија триумфира против Вардар со 1-0 во Скопје во домашниот шампионат, со што му се доближи на лидерот на само еден бод негатива.

Херој на екипата од Тетово беше албанскиот фудбалер Љатифи кој стрелаше во 66. минута, по што не се менуваше резултатот до крајот на средбата.

Вардар не успеа посериозно да го загрози голот на Гаје, иако во финишот од средбата тргнаа на сè или ништо, па мораа да се соочат со првиот пораз.

По 21 одигран меч, Вардар е лидер со 52 бодови, по што следи Шкендија со еден поен помалку.