Прва средба на Модриќ и Роналдо по две години


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешните соиграчи од Реал Мадрид играат еден против друг во рамките на Лига на нации. Вечерва од 20.45 часот фудбалерите на Хрватска и Португалија ќе играат во група А.

Тоа што беше интересно пред почетокот на натпреварот е првата средба на Лука Модриќ и Кристијано Роналдо уште од 2018 година, кога Португалецот го напушти Мадрид.

Роналдо замина во Јувентус, а Модриќ остана во Мадрид и ја освои наградата „Златната топка“ од страна на ФИФА и сега поранешните соиграчи повторно се сретнаа пред дуелот во Лига на нации и делува дека се во добри односи.

„Мило ми е што конечно се видовме со Роналдо по долго време и зборувавме. Имаме убави спомени. Се сетивме на времето од Реал, беше едноставен разговор на двајца пријатели, да не влегувам премногу во детали“, кратко објасни Лука.