Први кадри од снимањето: Меси ќе дебитира како актер во ТВ-серија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Аргентинецот Лионел Меси  реши да дебитира како актер во една ТВ-серија.

Фудбалерот на ПСЖ ја прифатил поканата од авторот на популарната аргентинска серија „Лос Протекторс“ и ќе се појави во втората сезона.

Серијата е за тројца поранешни фудбалери кои банкротирале, а таа ги следи нивните обиди повторно да се вратат на нормален живот.

Сцените во кои се појавува Меси се веќе снимени, а продуцентот објави кадри од снимањето, додека втората сезона се очекува да биде емитувана следната година.