Првиот човек на Баерн за Халанд: Имаме пари да купиме кого сакаме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на Баерн Минхен, Херберт Хајнер даде коментар за можноста да го купи Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Хајнер во разговор со германските медиуми кажа дека Баерн има пари за да го купи кого сака, па не би имале проблем да го ангажираат и Халанд.

„Екомонски сме многу силен и стабилен клуб. Нормално дека и ние многу загубивме поради пандемијата, но секогаш можеме да го купиме играчот за кого сме сигурни дека ни е потребен. Пред само две недели нашиот спортски директор потврди дека го доведовме еден од најдобрите дефанзивци, Дајот Упамекано“, кажа Хајнер.

Халанд е на мета на многу европски гиганти и се очекува неговиот трансфер да изнесува околу 100 милиони евра.