Првиот човек на Премиер лигата тврди: ФИФА го притисна копчето за самоуништување!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Притисокот врз претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, продолжува да расте. Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, отворено го критикуваше првиот човек на светскиот фудбал поради контроверзните планови за продажба на удели поврзани со Светското првенство, порачувајќи дека со своите постапки FIFA си нанела огромна штета.

Мастерс во интервју за BBC, пред почетокот на новата сезона на Премиер лигата, ја поддржа одлуката на Фудбалската асоцијација на Англија да ја повлече поддршката за Инфантино.

Според неговото мислење, на светскиот фудбал му е потребен нов кандидат кој би можел да ги обедини тренутно длабоко поделените структури.

Мастерс не избираше зборови зборувајќи за потезите на FIFA и плановите кои во последните недели предизвикаа сериозни потреси во светскиот фудбал.

“Тоа е проблем кој го создаде FIFA. Организацијата сама си нанесува рани и го притисна копчето за самоуништување, а последицата ќе биде решение до кое мораме да дојдеме”, рече Мастерс.