Првиот човек на Суперлигата со порака до УЕФА: Време е за промени во светот на фудбалот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бернд Рајнхарт, кој работи како извршен директор на проектот европска Суперлига, кажа дека се потребни промени во европскиот фудбал затоа што само тие ќе го спасат.

Компанијата „А22 Спортс Менаџмент“ треба да раководи со Суперлигата заедно со раководството на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

„Темелите на европскиот фудбал се во опасност да се урнат. Време е за промени. Клубовите се тие кои носат претприемачки ризик во фудбалот, мора да се носат важни одлуки“, вели Рајнхарт.

Според новата идеја, во Суперлигата треба да учествуваат меѓу 60 и 80 екипи и нема да има привилегирани клубови, како што беше првичната идеја.