Првиот човек на УЕФА ги загрижи сите во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе со недели се зборува за скандалот кој ја стресе Шпанија со потплаќање на судии, а во истиот е вклучена Барселона, па поради тоа Европската куќа на фудбалот (УЕФА) почна истрага.

Обвинителството во Шпанија поднесе обвинение против Барселона, како и против Жозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел поради корупција.

Тие се обвинети дека од 2001 до 2018 година му исплаќале пари на поранешниот потпретседател на судиската комисија, Хозе Марија Енрике Негреира.

Негреира добил 8,4 милиони евра и наводно влијаел врз судењето на натпреварите, а за тоа зборуваше и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

„Секако, не можам директно да коментирам за тоа поради две причини. Прво е тоа што комисијата е независна, а второ е тоа што не ги знам деталите. Според мене, ситуацијата навистина е сериозна“, вели Чеферин.