Првиот ден на тренинг на Реал Мадрид бил за заборав: Не можевме да ја контролираме топката…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид минатата недела почнаа со тренинзи во тренинг-центарот на шпанскиот гигант. По два месеци пауза и тренизи во домашни услови, играчите на шпанските клубови добија дозвола да тренираат во тренинг-центрите. Исто така, од 18 мај најверојатно ќе добијат дозвола да почнат со тренинзи во помали групи.

Сите фудбалери и членови на првиот тим се тестирани на коронавирусот, а тие кои беа позитивни, веднаш мораа да заминат во карантин. Но, тоа нема да го спречи почетокот на Ла Лига, која ќе почне меѓу 12 и 19 јуни.

За враќањето на теренот зборуваше и фудбалерот на „кралевите“, Дани Карвахал, кој кажа дека играчите чудно се чувствувале по два месеци пауза.

„Многумина од нас имаа проблем со контрола на топката, кога почнавме да тренираме. Тренирањето во тренинг-центарот и дома не може да се спореди. Првиот ден беше ужасен, како никогаш да не сме играле фудбал. Сега е подобро и наскоро ќе биде подготвени“, кажа Карвахал.