Прво гол-технологија, па ВАР: Зошто ѝ беше поништен чист гол на Фиорентина? (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На натпреварот меѓу Фиорентина и Брага се случи чуден момент, кога судијата прво призна, а потоа поништи гол.

Во 50. минута од мечот во Конференциската лига, Кабрал постигна гол, а тоа го потврди и гол-технологијата, меѓутоа судијата реши да не ѝ верува, па се консултираше со ВАР и го поништи погодокот.

Од снимката на гол-технологијата може да се забележи дека топката со цел обем ја премина гол-линијата.