Психолог за Ѓоковиќ: Солзите беа лажни, плачеше за да направи пресврт! 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Данил Медведев во финалето на Ју-Ес опен. Рускиот тенисер го пронајде лекот за најдобриот во свет и го доби со 3-0 во сетови.

Ѓоковиќ во текот на натпреварот постојано плачеше, а психологот Изабела во разговор со француските медиуми тврди дека солзите на Србинот биле лажни и така сакал да го измами противникот.

„Не верувам дека плачеше навистина. Му го забележавте ли изразот од лицето кога се врати од пауза. Сметам дека беше во тешка ситуација и се обиде со таква стратегија да го надмудри противникот. Се надеваше дека ривалот ќе попушти и плачеше за да направи пресврт“, вели психологот.