ПСЖ ја освои Европа, но сумата што ја заработи Арсенал не остави никого рамнодушен


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Финалето на Лигата на шампионите уште еднаш покажа зошто се работи за највредно клупско натпреварување во светот. Освен престижот и трофејот, завршницата носи и огромни финансиски награди, а оваа година најголемиот дел од колачот му припадна на Пари Сен-Жермен.

Парижаните втора година по ред успеаја да ја покорат Европа и да го потврдат статусот на една од најсилните екипи на Стариот континент, додека Арсенал по голема борба остана чекор постари од најголемиот клупски трофеј.

УЕФА на освојувачот на Лигата на шампионите му исплати дополнителни 25 милиони евра за освојувањето на натпреварувањето.

Од друга страна, Арсенал за пласманот во финалето инкасираше 18,5 милиони евра.

Секако, зборуваме само за завршните бонуси што ги доделува УЕФА на финалистите.