ПСЖ ги претстави дресовите за следната сезона (Фото+Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот шампион ПСЖ ги претстави дресовите кои клубот ќе ги користи во следната сезона, а производител е „Најк“, кој се погрижи гигантот да има спектакуларен дрес.

Дресот без дилема е еден од најубавите кои ги имал ПСЖ, а доминира сината боја, додека на средината на предниот дел има бела линија со црвени рабови.

ПСЖ ги претстави дресовите преку социјалните мрежи, а парижаните во новата сезона влегуваат со големи амбиции за освојување на трофеи.

Главна цел на гигантот од Париз е освојување на титулата во Лигата на шампиони (ЛШ).