ПСЖ го освои Купот, но нема да може да смета на три ѕвезди во ЛШ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ПСЖ на одличен начин ја заврши сезоната, со освоен трофеј во францускиот Куп. Тие го совладаа Лион по изведување пенали, но мечот ќе го паметат по тоа што им се повредија тројца важни фудбалери.

Мечот предвреме го завршија Мауро Икарди, Тиаго Силва и Лајвин Курзва, а претходно на дуелот против Сент Етјен се повреди и Килијан Мбапе.

Денеска се очекуваат дополнителни медицински прегледи, по што ќе биде познато колку време ќе мора да паузираат фудбалерите.

Да потсетиме, ПСЖ ќе игра на завршниот турнир во елитното натпреварување, кое е закажано за 12 август во Лисабон, Португалија.