ПСЖ ќе му даде втора шанса: Тухел се враќа во Париз!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ планира да го смени тренерот Галтие, а како негов наследник се споменува германскиот стратег Томас Тухел.

ПСЖ вчера славеше против Лил со 4-3, иако претходно беше пред пораз, а тоа ги налути газдите на францускиот тим.

Екипата од Париз е во тешка ситуација и во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што го загуби првиот натпревар од Баерн Минхен со 0-1, па сега се наоѓа пред елиминација.

Тухел е сериозен кандидат за тренерското столче во Париз, откако претходно доби отказ од Челси, па Насер Ал-Келаифи размислувал да го врати и да му даде втора шанса.