ПСЖ ќе му се одмазди на Реал за Мбапе: Ѕвезда на „кралевите“ се сели во Париз!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред почетокот на летниот преоден рок во 2022 година Реал Мадрид преговараше со Килијан Мбапе и беше блиску до трансфер, но ПСЖ успеа да го задржи откако му понуди подобри услови.

ПСЖ сака да им се одмазди на „кралевите“ за проблемите кои им ги создадоа со Мбапе, па следното лето планираат да го нападнат Бразилецот Винисиус Жуниор.

Шпански „Спорт“ објави вест под наслов „Одмаздата на ПСЖ се нарекува Винисиус“, при што се открива дека парижаните ќе го нападнат Бразилецот, иако мала е веројатноста да го добијат неговиот потпис.

Бразилецот има откупна клаузула од една милијарда евра, па ПСЖ планира да му даде идеални услови на Винисиус и така да го натера да побара трансфер од Реал Мадрид.

Овој 22-годишен фудбалер има договор со „кралевите“ до 2024 година, но останува да видиме што ќе се случи идното лето.