ПСЖ ќе пазари во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“ пренесува дека од таборот на ПСЖ се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити.

Умтити не е во прв план на Ернесто Валверде па лесно би можел да си замине од клубот ова лето.

Францускиот дефанзивец пристигна во Барселона во 2016 година и имаше доста забележителни настапи во минатото, но следуваше повреда која го оддалечи од теренот, а неговото место одлично го пополни Клемен Ленгле.

Освен ПСЖ, за Умтити е заинтересиран и Манчестер Јунајтед кој очајно бара решение за одбраната.