Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Единсон Кавани во фебруари ќе наполни 33 години, а на лето му истекува договорот со ПСЖ.
Меѓу играчите кои можат да преговараат со други клубови без дозвола од моменталниот се наоѓа и Единсон Кавани. За сега сериозен интерес покажува Атлетико Мадрид.
Атлетико Мадрид веќе постигнал договор со искусниот Уругваец и цел на Јорганџиите е да го ангажираат веќе во јануари, но тоа нема баш да биде лесно.
Во ПСЖ процениле дека вредноста на Кавани кој за неколку седмици ќе наполни 33 години изнесува 30 милиони евра.
Марка наведува дека Атлетико за искусниот напаѓач понудил 10 милиони евра и дека претседателот Гил Мартин веќе отпатувал за Париз на преговори.
Кавани веќе одлучил да ја продолжи кариерата во Атлетико. Само прашање е дали ќе им се приклучи на Јорганџиите наредните денови или тоа се ќе биде одложено до лето.
Инаку, уругвајскиот голгетер е член на ПСЖ од 2013. година. Тогаш парискиот клуб на Наполи му плати 65 милиони евра.