ПСЖ потпиша со Меси и стана клуб со најголеми плати во светот

Лионел Меси се приклучи на екипата на ПСЖ, па така францускиот гигант стана клуб со најголеми плати во светот.

Меси пристигна вчера во Париз, каде што ги мина медицинските прегледи, а потоа потпиша договор со плата од 35 милиони евра годишно.

Французите на плати ќе трошат 302,7 милиони евра годишно и по тоа се лидер пред Реал Мадрид, кој ќе падне на втора позиција со 250,7 милиони евра, додека трет е Манчестер јунајтед со 237,7 милиони евра.

Барселона се наоѓа на четврта позиција со 230,6 милиони евра, Јувентус со 220, Баерн Минхен со 196,3 милиони и Челси со 192,75 милиони евра.

Петтото место е резервирано за Лос Анџелес доџерс со 228,2 милиони евра, додека деветто место е Далас каубојс со 186,63 милиони евра.