ПСЖ сака да го отпушти Покетино само 24 часа по освојување на Лига 1, позната е и замената!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ ја обезбеди и математички титулата во Лига 1, но клубот сака да го отпушти тренерот Маурицио Покетино затоа што не се задоволни со резултатите.

„Ле Паризиен“ објави дека Покетино би можел да го напушти тимот многу порано од очекуваното, иако има договор до 2023 година.

Парижаните стигнаа убедливо до титулата во Лига 1, но амбициите на газдите се многу поголеми и сакаат да ја освојат Лигата на шампиони (ЛШ), а годинава не успеаа ниту со Лионел Меси во тимот.

По големиот број сериозни засилувања повторно останаа без успехот, па сметаат дека главен виновник е тренерот Покетино, кој би можел да биде отпуштен, но сепак Аргентинецот не се грижи премногу затоа што ќе заработи 15 милиони евра за отказот.

Негов наследник треба да биде Антонио Конте, кој многу добро го предводи Тотенхем, но би можел да остане без место во ЛШ.