ПСЖ си доби одлично засилување од Евертон по екстра цена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека конечно паднал договор помеѓу ПСЖ и Евертон за ангажман на Идриса Гана Геје.

Геје долго време е трансфер цел на францускиот шампион кој сакаше да го донесе во своите редови и минатата сезона, но тогаш Евертон одби да го продаде својот фудбалер.

Сепак, сега Евертон потклекна под притисокот и за „само“ 28 милиони фунти ќе го пушти сенегалскиот интернационалец во главниот град во Франција.

Во јануари, ПСЖ за Геје испрати понуда од 21 милион фунти но истата беше одбиена од „карамелите“.