ПСЖ веќе понудил 100 милиони евра за Пјаниќ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај тоа што не е потврдено од страна на клубовите, медиумите во Франција известија дека ПСЖ на Јувентус им понудил 100 милиони евра за Пјаниќ.

Се работи за огромна сума на пари и Јуве ќе биде во големо искушение и покрај тоа што Старата Дама нема план толку лесно да се откаже од својот везен кој е посакуван и од многу други великани.

Оваа сезона Пјаниќ беше првак на Италија со Јувентус, но сезоната не испадна толку добра за неговиот клуб бидејќи не успеаја да го освојат трофејот од Лигата на Шампионите.

Опцијата за босанскиот репрезентативец да го напушти Торино не е исклучена, но тоа сеуште е во домен на шпекулации.

Пјаниќ оваа сезона во 44 натпревари постигна 5 погодоци проследени со 8 асистенции, а веќе подолго време е на радарот на ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона…