ПСЖ заработи неверојатни 700 милиони евра од Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси пристигна во ПСЖ како слободен фудбалер, откако претходно ја напушти Барселона.

Меси сезонава игра во добра форма и има шест гола и осум асистенции на 11 меча, но ПСЖ има право да биде среќен затоа што од фудбалерот заработиле 700 милиони евра.

Меси има двегодишен договор со францускиот гигант, а директорот на ПСЖ, Марк Армстронг за медиумите кажа дека побарувачката е зголемена за 40 отсто.

„Иако многумина мислат дека трансферот веднаш се исплати поради продадените дресови, сепак тоа не е вистина затоа што веќе е направен договор за да се покрие минимумот, но никогаш не може да се исполни целата побарувачка“, вели тој.