Пулишиќ го прифати предлогот – од јануари ќе игра за друг премиерлигаш


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ не добива многу шанса во екипата на Челси по доаѓањето на тренерот Граам Потер, а немаше минутажа ниту кај Томас Тухел, па поради тоа сака да замине во јануари.

Англиските медиуми објавија дека Пулишиќ го прифатил предлогот да замине од Челси, па кариерата ќе ја продолжи во друг премиерлигаш, а тоа е Њукасл.

Њукасл за услугите на Пулишиќ наводно ќе платат околу 40 милиони евра, па така „сините“ ќе вратат дел од инвестираните пари во Американецот.

Пулишиќ игра за Челси од 2019 година каде што пристигна од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра, но оваа сезона имаше само два старта во Премиерлигата и постигна еден гол.