Путин на црната листа има двајца поранешни светски шампиони во бокс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ситуацијата во Украина не се смирува ниту по почетокот на преговорите, а руската армија напредува во територијата на нејзиниот сосед. Исто така, претседателот Владимир Путин составил црна листа на која се наоѓаат 23 лица, а двајца од нив се поранешните светски шампиони во бокс, Владимир и Витали Кличко.

Поранешните боксери земаа оружје за да ја бранат нивната татковина и така мотивираа многу Украинци да им се приклучат во битката против Русија.

„Одете дома, нема што да барате тука. се надеваме дека Русите ќе решат да се вратат во нивната татковина. Нашите луѓе се горди на војската, гледам Украинци кои си ги бранат градовите и семејствата“, вели Кличко.

Путин ангажирал околу 400 платеници од Африка за да ги елиминираат 23. лица кои ги има на списокот, а меѓу нив се и боксерите, како и претседателот Володимир Зеленски.