Радосна вест од Англија, зелено светло за фудбал многу порано отколку што се очекуваше


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските власти донесоа одлука организацијата на спортски настани да биде можна уште од 1 јуни.

Владата објави документ на 50 страни во кој се прецизира како ќе тече процесот на попуштање на мерките по пандемијата од коронавирусот.

Вториот чекор во фазата ќе почне на 1 јуни кога ќе бидат дозволени културни и спортски настани зад затворени врати со можност за емитување на директни преноси.

Значи, од тој датум и фудбалот во Англија ќе добие зелено светло да продолжи, а кога Премиер лигата ќе продолжи се уште нема точни информации.

На секои настани ќе се води сметка за избегнување на социјални контакти. Во документите се наведува дека поголеми собири на луѓе, како што се тие на стадионите ќе бидат возможни во подоцнежните фази, но ако дојде до значајно намалување на бројот на инфицирани лица.